За што сè може да ја искористите содата?

popara27 јуни, 20111min00
soda

Сода- бикарбона е повеќе наменски производ. Со неа може да направите детоксикација на телото, и дефинитивно да ви го направи животот полесен.

Оваа антисептична супстанца делува против бактериите и може да се користи како благ пилинг. Со помош на содата може лесно да ги отстраните флеките од кафе, масло и чај, да ги избелите забите, и да ги смирите тегобите од прејадување.

Миење заби со сода. Доколку сакате да ги избелите забите и да го освежите здивот, содата е идеално решение.

Лек за стомачни тегоби. Доколку имате стомачни тегоби по обилно внесување на храна, лекот е содата. Една мала лажичка сода растворете во една мала шоља вода.

Содата како пилинг. Не само за лицето, содата може да ја искористите за отстранување на мртвиот слој на клетки и од лактите, стапалата… Одлично се справува и со акните. Добро е кога ќе ја помешате со мед.

Направете домашен дезодоранс. Измешајте 10 лажици сода со есенцијални малса. Нанесувајте под пазувите.

Добра е за коса. Ако сакате да ја намалите употребата на вештачки шампони, содата е идеално решение за вас. Во чаша млака вода ставете една лажичка сода. Откако ќе ја намокрите косата исипете ја течноста, и испирајте додека вашата коса не стане мека и мазна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag