Заблуди во кои жените слепо веруваат !

30 јули, 20110
zenskizabludi

Жените сакаат да мислат дека знаат сè за мажите, дури и она за што тие самите не се свесни. Но,мажите конечно прозбореа и кажаа што е вистина, а што чиста лага.

Нема да ве почитува ако имате секс на првиот состанок

Немојте да се залажувате. Вистината е дека мажите го обожаваат сексот, би го правеле тоа секогаш и секаде, но не им е особено важно дали на првиот или триесетитот состанок ќе спиете со нив. Секоја личност е различна и секоја ситуација поинаква. Ако одлуката не ја носите на основа на она што вие чуствувате, туку врз основа на тоа што другиот ќе мисли, можете лошо да се разочарате.

Мажите сакаат да ловат жени

Всушност жените се тие кои сакаат потрага, сакаат да се наоѓаат во позиција каде ќе избираат еден од неколкуте нови потенцијални партнери. Од друга страна, мажите может да ги играат двете улоги. Не станува збор дека тие сакаат да ловат, туку едноставно се присилени.

Жената неможе да има вистински пријател маж, бидејќи сите тие сакаат само секс

Ова тврдење секогаш предизвикува остри полемики, а ова е вистината – мажите можат да имаат пријателки кои би сакале да ги видат и во кревет, но вистината е и дека постојат такви што  некогаш неможат да се замислат себе да бидат интимни на тој начин со некоја од своите пријателки.

Мажите сакаат кога нешто останува за нивната имагинација

Мажите сакаат кога жеите се во облечени во малку облека, дали е тоа секси долен веш, пешкир во кој се замотани кога искачаат од бањата или пак тесни шорцеви. Но, она што мажите исто така го сакаат е да ја соблекуваат облеката од жената.

Независната жена им влева страв во коски на мажите

Ова исто така е предмет на многу дебати, но генерално ова не е точно, особено кога станува збор за мажи помлади од 40 години. Тие се навикнати да гледаат, да се запознаваат и социјализираат со силни независни жени, па дури и да се во врска со нив. Самоуверениот маж се чуствува дека има сила и горд е ако неговата девојка или жена е исто така силна, независна во тој поглед еднаква, се додека машките работи му ги препушта нему.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *