Забната протеза која му припаѓаше на британскиот премиер Винстон Черчил, вчера е продадена на аукција во Лондон за скоро 19.000 евра. Златната протеза, првобитно била проценета на 9500 евра, изрботена е специјално за него за да му помогне да ја сокрие говорната маана, неговото познато шушкање, кое го пратело од неговото детство, објаснил експертот од аукциската куќа. Минатиот јуни, колекција од предмети на поранешниот британски државник беа ставени на аукција, меѓу кои една цигара, писма во кои се спомнувал Хитлер и неколку негови говори, а беа продадени за 690.000 евра.