Загриженоста расте: Се’ потешко може да се открие изворот на ешерихија коли

popara8 јуни, 20111min00
0
Како што поминува времето ќе биде се’ потешко да се открие изворот на заразата од бактеријата ешерихија коли, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
“Често пати овој вид епидемија го предизвикува еден вид бактерија која во текот на времето потребно за анализа веќе излегува од системот“, објаснил доктор задолжен за заразни болести во европскиот оддел на СЗО.
Тој додал дека е многу  тешко да се открие изворот на таква епидемија затоа што заразените луѓе не можат да се сетат што точно пиеле и јаделе.
Епидемијата ја предизвика многу редок вид бактерија, таканаречена ентерохеморагиска ешерихија коли (ЕХЕЦ) која предизвикува крвава столица, а во најтежок случај настанува уремиско-хемолитички синдром, кој предизвикува оштетување на бубрезите.
Во меѓувреме, европските и светските медиуми известуваат за можна завера, односно дека бактеријата е мутант направен со помош на неколку антибиотици на кои сега е отпорна. Медиумите оваа теорија ја поткрепуваат со фактот дека бактеријата ешерихија коли вообичаено не може да биде отпорна на толку антибиотици.
Надлежните од Европската Унија ја предупредија Германија да се воздржи од предвремено објавување на непроверени информации за изворот на бактеријата. Во меѓувреме, Европската Унија понуди 150 милиони евра за оштетените шпански фармери од бактеријата ешерихија коли.
Досега од оваа бактерија починаа 25 луѓе, а заразени се 2.400.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag