Закана за напад пред посетата на британската кралица во Ирска

popara16 мај, 20111min00
see filename
Дисидентска ирска републиканска група се заканила, пред посетата на британската кралица Елизабета Втора на Ирска, дека планира да постави бомба во Лондон, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Кралицата во вторник ја започнува историската посета на Ирска и е првиот британски државник кој ќе ја посети земјата за прв пат од 1911 година.
Полициската управа на Лондон соопштила дека примила предупредување кое се однесува на центарот на градот, но без податоци за конкретна локација или време.
“Во Лондон ќе продолжи да се применуваат видливи и невидливи тактики… граѓаните треба да продолжат со своите вообичаени активности, но потсетуваме дека јавноста да биде внимателна“, стои во полициското соопштение.
Еден неименуван полициски претставник рекол дека предупредувањето се однесува на заканата која ја упатила една дисидентска ирска републиканска терористичка група.
Делови од централен Лондон, во близина на кралската резиденција, биле затворени за сообраќај, а бројот на полицајците бил поголем од вообичаено.
Полицијата додала дека не е донесена одлука за да се зголеми степенот на опасност од тероризам.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag