Италијанската полиција запленила имот на мафијата од кланот “Полверино“ во Неаполската област,вреден околу една милијарда евра, во која биле вклучени компании, земјиште, јахти, пишува “Танјуг“, НетПрес.
Во полициската операција, уапсени биле 39 членови на кланот “Полверино“ заради обвинување за принуда, трговија со дрога и нелегални финансиски работи.
Двајца од уапсените лица се кандидати од владејачката партија на италијанскиот премиер Берлускони за претстојните локални избори.
Апсењето е резултат на заедничката истрага на италијанската полиција и цивилната гарда на Шпанија.
Се верува дека кланот го контролира најголемиот дел од трговијата со дрога во северот на Неапол, снабдувајќи го италијанскиот пазар од Шпанија.
Извор: Нетпрес