Близнаците Маркус и Лукас на светот пристигнаа еден по друг во рок од 48 минути, но сепак, тие се од двајца различни татковци.
Мајката Шарлот Хилбранд, останала бремена од поранешниот сопруг Мајкл и новото момче Томи, со кои спиела во рок од 48 часа.
Тоа значи дека момчињата кои неодмана наполнија 6 години, се еден од трите познати случаи во светот на близнаци кои се генетски полубраќа и од различни татковци, п обедувајќи ги шансите еден во милијарда.
„Мислам дека имате поголема шанса да добиете на лото, отколку нешто вакво да ви се случи“, изјавила мајката на близнаците.
Таа и самата вели дека момчињата многу се разликуваат. Маркус синот од нејзиниот прв сопруг е низок и виток, со црвена коса и многу енергија. Додека Лукас синот од нејзиното момче е русокос, повисок и мирно момче.
Сепак, денеска татковците се секојдневно со своите синови, а Шарлот вели дека тие биле едно големо необично, но среќно семејство.
Приказната за близнаците кои се еден во милијарда, започнува кога Шарлот и Мајкл се разведуваат во 2004 година. Откако се разделиле Шарлот почнала повеќе да излегува. Така го запознала Томи со кого полека почнала да создава добра врска. Но Мајкл секогаш се надевал дека тие повторно ќе бидат заедно, така на прославата за време на новогодишната вечер тие завршиле во кревет заедно.
Загрижена дека оваа вечер може да и ја загрози врската со Томи, Шарлот решила да молчи. Знаела дека никогаш нема да се смири со поранешниот сопруг и дека ова е еден од многумината инциденти кои ги прават поранешни сопружници.
Но, неколку месеци подоцна Шарлот почнала да чувствува лошење, надуеност, па решила да отиде на лекар. „Се потврди она од што се плашев….дека сум бремена“, изјавила Шарлот. Но тоа не било се, таа очекувала близнаци.
Со измешани емоции, Шарлот сфатила дека искреноста е најдобро решение, но сепак била соочена со мачна задача, да им се каже на мажите дека еден од нив е татко на близнаците.
„Тоа беше многу хаотичен период. Мајкл мислеше дека ова ќе не зближи и дека повторно ќе бидеме заедно, а Томи очајно се надеваше дека близнаците се негови и сакаше да изградиме наше семејство“, изјавила Шарлот.
Шарлот се породила на 23 август 2005 година, а Мајкл бил со неа во болница, бидејќи таа мислела дека тој повеќе заслужува, бидејќи веќе имале две деца за време на нивниот брак.
Таа ги родила близнаците, но само по неколку недели, сфатила дека тие се различни како ден и ноќ.
Маркус бил со црвена коса и мала глава, а Лукас со руса коса и долга глава. Мајката на Шарлот ги потврдила нејзините сомнежи, дека можеби близнаците се од двајца различни татковци.
И покрај тоа што се случило, Томи и Шарлот се смириле и преселиле во заеднички стан. Томи и Мајкл се согласиле да направат ДНК тестови за да се потврди кој е таткото на близнаците. И сепак со 99% сигурснот ДНК резултатите потврдиле дека близнаците се од различни татковци, во случајот Томи и Мајкл.
Шарлот изјавила: „Иако, испадна тоа во што сите се сомневавме, тешко ми беше да си го објаснам сето тоа и да го разберам одговорот на лекарите. Ниту скокав од радот, ниту пак бев несреќна“.
Се разбира татковците сакале да бидат таму за своите синови, па така за доброто на сите морале да почнат да функционираат како едно големо семејство.
„Многумина не ни веруваа, мислеа дека ги лажеме дека близнаците се од различни татковци, затоа сакавме да ја раскажеме нашата приказна, која се случува само неколку пати во историјата“, изјавила Шарлот.
Од докторката Вирџинија Бекет од Кралскиот Колеџ за акушерство и гинекологија
Науката е лесна… но обидете се да му ја објасните на човекот!
„Никогаш порано не сум се сретнала со ваков случај. Но, ако жената спие со повеќе од еден партнер истовремено, постои сосема изводлива шанса дека таа може да добие близнаци од двајца различни татковци“, изјавила докторката.
„Во овој случај близнаците не биле направени точно во исто време, туку во рок од неколку часа. Така што спермата од првиот маж со кого жената имала сексуални односи може да остане во нејзината фалопиева цевка и да стане ефикасна за три до четри дена. Потоа таа имала секс со друг маж и испуштила две јајцеклетки. Јајце клетките кои живеат 24 часа, биле оплодени од две различни сперми кои се наоѓале во нејзиното тело“, објаснила докторката, додавајќи дека науката лесно може да се објасни, но тешко е тоа да се каже на една мајка, тоа е како еден вид заговор за неа.