Запознајте го последниот Роудстер од Тесла

popara21 декември, 20111min00
tr

Четири години и 2,600 Роудстери подоцна, Тесла на крајот на оваа година ќе престане со производството на автомобилот којшто беше првото производствено возило на оваа америчка компанијата.

Компанијата затоа одлучи да на овој спортски автомобил, којшто ги прослави, да му посветат уште едно специјално издание под името Final Edition Roadster. Моделот којшто го гледате на овие слики не е еден од петте модели од оваа серија, туку последниот Роудстер на компанијата Тесла Моторс.

Спортинг Атомик црвена боја, две темно сиви линии на хаубата, во комбинации со ексклузивни фелни направени од мешавина од антрацит и алуминиум, се главните карактеристики на овој модел, којшто конкретно ќе биде понуден за муштериите на серверноамеричкиот пазар.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma