Сопруга на дипломат од Конго со служба во Србија била уапсена во Романија по преминување на границата со Србија бидејќи полицијата пронашла 18.500 парчиња цигари во нејзиниот автомобил, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Заедно со сопругата на дипломатот биле уапсени уште тројца државјани на Србија.
Обвинителството соопштило дека брачниот пар Марк Мариус Итела Еломба, советник во Амбасадата на Конго во Белград и неговата сопруга Естер Паскалине Бомбето шверцувале голема количина на цигари во Романија користејќи автомобил со дипломатски таблички.
Романската полиција утрово извршила претрес во девет станови на романски граѓани за кои се сомнева дека биле соученици.
Извор: Нетпрес