Затворена последната фабрика во светот за машини за пишување

popara28 април, 20111min00
writingm

Ерата на машините за пишување, која беше главен дел во канцелариите во поголемиот дел од дваесетиот век и која предизвика револуција во начинот на работа. Пред неколку дена и  дојде крајот на машините за пишување во Мумбаи, Индија, бидејќи се затвори последната фабрика која постоеше во светот за производство на овие машини.

Како залихи во фабриката “Godrej&Boyce” останале уште неколку стотици машини за пишување, објави лондоснкиот DailyMail.

Иако машините за пишување во западните земји одамна се заборавени, во Индија до неодамна се уште се користеа во канцелариите.

Побарувачката за овие машини во последните десет години драстично опадна поради користењето на компјутерите.

Сите производители на машини за пишување во светот по 2000 година ставија клуч на фабриките, освен Индиската фабрика која до 2009 произведуваше од 10 до 12 илјади машини за пишување годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag