Завахири го предал Бин Ладен на Американците

5 мај, 20110
yy
Египетските припадници на Ал- Каеда, предводени од вториот човек на терористичката мрежа Ајман Ал- Завахири, наводно ги одвеле Американците до Осама Бин Ладен, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Повикувајќи се на извор поврзан со прашања околу тероризмот, саудискиот весник Ал-Ватан,  додава дека курир кој им овозможил на американските разузнавачки служби да влезат во трагата на Бин Ладен, бил токму Завахири.
Завахири е курирот , а не некој жител на Кувајт, како што претходно се шпекулираше. Идентитетот на Завахири го откриле затворениците од американската база на Куба, Гвантанамо.
Египетските припадници на Ал- Каеда, практично раководеле со терористичката мрежа од 2004 година, кога пробале да ја преземат целосната контрола.
Токму тие го убедиле Бин Ладен да го напушти северозападниот дел на Пакистан, кое е упориште на талибанците и да се скрие во Аботабад, лесно пристапно место во градот во кој беше и убиен од страна на американските специјалци.
По смртта на Бин Ладен, Завахири кој е “мозокот“ и главен портпарол на Ал- Каеда, станал  нејзин лидер и најбараниот бегалец на светот.
Завахири бил лидер на египетската група Исламски џихад, а кон Ал- Каеда се приклучил во 1998 година.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *