Љубителите на кафе конечно имаат изговор за нивната зависност од пиење кафе, бидејќи таа е запишана во гените, тврдат американските истражувачи. Барајќи поврзаност зошто некои луѓе се зависни од кофеинот, истражувале генетси варијации од повеке од 40 илјади поединци. Пронашле две низи на ДНК поврзани со конзумирање на чај, кафе чоколадо, газирани напитоци и останати кофеински извори. Тие две низи содржат два гена, кои се поврзуваат со начинот на кој телото го процесира кофеинот. Првиот CYP1A2, познат е како ген кој учестувува во разградувањето на коефеинот, а другиот AHR, помага во регулација на првиот. Истражувачите утврдиле дека луѓето кои носат таканаречена варијација на висока потрошувачка на било кои од двата гена, пијат повеќе кофеински напитоци од останатите. Кофеинот е најпопуларниот стимуланс во светот.