Еден неодамна прикажан документарен филм на ББЦ за агресивната хомофобија во Уганда, под насов ‘The World’s Worst Place to Be Gay?’. Не е потребно објаснување на насловот, ако се знае дека во Уганда се предлагаат закони за воведување смртна казна за хомосексуалците, а геј активистите постојано се гонат. Во филмот се потврдува дека во оваа африканска држава се случуваат монстуозни злочини врз хомосексуалците. Познат британски радиски ди џеј Скот Милс, интервјуира политичари, свештеници, новинари кои сите заедно се обединети во едно мислење, дека ширењето на идејата за хомосексуалност е увезена од Западот, дека никој не е роден како геј, дека тоа е страшен грев и дека истите тие заслужуваат само смртна казна. Погледнете ги видеата од документарецот.
http://www.youtube.com/watch?v=S9DsawSC3cE
http://www.youtube.com/watch?v=Ly-0yqjgtxA
http://www.youtube.com/watch?v=haE-PxVQhbA
http://www.youtube.com/watch?v=mt4P-IHKMv8