Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
8 мај, 20110

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер во 11,47 часот беше почувствуван во Скопје.
Земјотресот со јачина од 3,4 степени е почувствуван во главниот град и неговата околина, а во други места од северниот дел на државава е почувствуван со послаб интензитет, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.