Касано: Го обожувам тој ѕвер – Златан Ибрахимович

8 мај, 20110
2011-Antonio-Cassano-Tattoos

Фудбалерите на Милан вчера вечер на римски “Олимпико” ја прославија својата осумнаесета титула во Серија А во иторијата. Тоа им го овозможи мечот без погодоци против Рома.

Во прашањер беше дуелот од 36. коло и моментално Милан има меч повеќе, но и деват бода предност во однос на Интер (78-69). Во вода падна и теоријата, така никој повеќе не може до крајот на сезоната да го симне Милан од самиот трон.

Во текот на сезоната Милан имаше многу јунаци, но сепак главниот товар го понесоа Златан Ибрахимович и Пато, тандемот кој постигна вкупно 28 гола во Серија А, секој по 14.

“Кога дојдов во Милан ветив титула. Тоа и го исполнив.” – изјавил Ибрахимович и додал изјава која сакале да ја чујат навивачите на клубот:

“На крајот на сезоната некои играчи ќе си заминат од кај нас, но јас не сум во тој круг. Останувам во Милан уште многу години. Тука сум каде што сум, немам причини да си заминувам од овој убав победнички тим”.

Потоа, пофални зборови на сметка на Швеѓанецот испратил неговиот соиграч Антониот Касано, кој како ипопуларниот Ибра во Милан дојде во текот на сезоната.

“Тој е вистински ѕвер, на теренот и надовр од него. Го обожувам и едвај чекам повторно да не поведе кон успеси.” – рекол Касано.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi