Ветел ја потврди доминацијата

8 мај, 20110
hhh

Себастијан Ветел ја забележа третата победа во оваа сезона во шампионатот од Формула 1. Актуелниот шампион на патеката во Истамбул беше во водство од почетокот до крајот на трката и со девет секунди преднос во однос на својот клубски колега Марк Вебер ја потврди доминацијата. Трет трката ја заврши пилотот на Ферари, Фернандо Алонсо. Бодови уште освоија, Луис Хамилтон (Мекларен), Нико Розберг (Мерцедес), Џејсон Батон (Мекларен), Ник Хајфелд и Виталиј Петров (Рено), Себастијан Буеми (Торо Росо) и Камуи Кобајаши (Заубер). По четири извозени трки во оваа сезона, Ветел води во генералниот пласман со 93 бода. Луис Хамилтон е втор со 59, а на третото место е Марк Вебер со 55 бода. Следната трка на програмата е на 22-ри мај а ќе се вози за Големата награда на Шпанија во Барселона.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma