Бин Ладен командувал со Ал Каеда од Пакистан

8 мај, 20110
u
Лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен имал активна контрола над таа терористичка организација од своето засолниште во пакистанскиот град Аботабад, заклучиле амриканските разузнавачки служби и со тоа ги менуваат нивните првобитни процени.
Спротивно на претходните процени, дека Бин Ладен водел номадски живот, американските официјални лица сега велат дека куќата во Абодабад, во која на 2. Мај беше убиен Бин Ладен, бил контролен центар на Ал Каеда, наведува “Би-Би-Си“.
“Вилата во Аботабад била активен команден и контролен центар на лидерот на Ал Каеда и јасно е дека тој не бил само стратешки планер на групата“, рекол неименуван службеник на брифинг во Пентагон, додавајќи дека Бин Ладен бил вмешан во донесувањето одлуки во организацијата.
САД обелодени пет видео снимки од Осама Бин Ладен, на кои лидерот на Ал Каеда е прикажан како гледа телевизија и подготвува говор, но снимките се без звук.
Меѓу пронајдените материјали во вилата се и компјутерска опрема, рачно напишани документи како и лични писма на Бин Ладен.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *