Кенијците, со рекорд на патеката по улиците на Скопје, до триумф на Скопскиот маратон

8 мај, 20110
SKopski-maraton-trka-3

Атлетичарите од Кенија, Диксон Терер во машка и  Сесилија Барутомо во женска конкуренција се победници на петтиот Скопски матарон што се одржа во центарот на главниот град.

Терер патеката од 42. километри ја претрча поставувајќи нов рекорд со време од 2.23.50 минути. Второто место му припадна на неговиот сонародник Едвин Руто, а за место на пиедесталот во машка конкуренција се избори и Унгарецот Атила Хаљагаи.

Кај дамите, Сесилија Барутомо со време од 2.50.06 минути славеше триумф и посатви нов рекорд на патеката во женска конкуренција. Второто место и припадна на Црногорката Слаѓана Перуновиќ, додека третото на Каталин Фаркаш од Унгарија.

Од македонските претставници кај мажи најдобар резултат оствари Ѓорѓи Трендафилов кој трката ја заврши на 6. позиција, додека Благица Јовановска во женска конкуренција го освои 5. место, притоа поставувајќи нов рекорд на Македонија.

Во полумаратонот на 21,097 километри на пиедесталот се искачија: Мирослав Комарчевиќ (Срб), Александар Кираџиев (Мак) и Иван Мискељин (Срб), додека кај дамите триумфираше Романката Елена Моага, Ксенија Бубњевиќ од Србија го освои второто место, додека за место на пиедесталот се избори уште и Александра Церетан од Романија.

Годинава се одржа и хуманитарна во должина од пет километри.

Овој маратон е влезен во листата на Светската федерација на маратони и се бодува за Светското првенство во атлетика во Јужна Кореја и за учество на Олимписките игри кои треба да се одржат во 2012 година во Лондон.

Новината воведена на овој Скопски маратон 2011 е што се користеше нов чип за мерење на времето, прикачен на стартниот број на секој учесник.

За маратонската и полумаратонската трка беа предвидени парични награди, а за трката на 5.000 метри стокови награди. Наградниот фонд на маратонот изнесуваше вкупно 10.200 евра. За освоеното прво место победниците на маратонот во машка и женска конкуренција ќе добијат по 1.700 евра, плус и по 300 евра како бонус за соборените рекорди на патеката. Сите учесници што ја завршија трката во маратонот или полумаратонот добија медал со логото на Скопскиот маратон.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi