Жељко Митровиќ ја поднел тужбата против Хрватска

popara10 август, 20111min00
zeljko_mitrovic_v2

Сопственикот на Пинк ТВ, Жељко Митровиќ ја поднел тужбата против царинската управа во Дубровник, за која тврди дека неправедно му ја одземала неговата јахта “Ел Боско V”.
И покрај изјавите дека повеќе нема да оди во Хрватска се додека Косор е на власт, Митровиќ пред некој ден сепак, слетал  во Дубровник.
Митровиќ изјавил дека покренал тужба против царинската управа во Република Хрватска, што може да се протолкува како тужба против Хрватска.
“Доколку се реши спорот во моја корист и бродот ми биде вратен, ќе ги стопирам сите процедури и жалби”, изјавил Митровиќ.
Адвокатот на Митровиќ, Невен Цирквени тврди дека жалбата ја поднеле против нелегалната царинска постапка и поради груби процедурални пропусти во одземање на јахтата “Ел Боско V”.

Да потсетиме дека минатата година хрватската царина му ја заплени јахтата на Митровиќ вредна 10 милиони евра, а бидејќи Митровиќ не сакал да ја плати казната, неговата јахта на 17 август, ќе биде продадена на аукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag