Генерално, постојат четири типа мажи кои жените би требале да ги заобиколуваат во широк лак. Иако на прв поглед делуваат успешно, негувано и роматично, од следниве фраери бегајте без размислување и никако не вртете се:
- Воркохолик
Маж кој во 6 часот наутро е избричен, облечен и спремен за работа, работи прекувремено, а потоа го завршува работниот ден на пијачка со колегите, типичен пример е на воркохолик. Тоа е човек кој спие неколку саат дневно, парите ги сака најмногу на свет, а неретко има љубовни афери со колешките на работа. - Адреналински зависник
Маж опседнат со скијање, екстремен велосипедизам и сл. Никогаш не мирува и постојано ги испитува своите граници. Истражувањата покажуваат дека 30 годишниот адреналински зависник со тек на време станува се позависен и тешко наоѓа партнерка што може да го прати. - Метросексуалец
На прв поглед опуштен и лежерен, овој тип на мажи поминува саат и саати илина фризер или во шопинг и има премногу високо мислење за себе. Лесто е врзан, па и зависен од мајка си, го дели нејзиното мислење за живот, а од партнерката бара потполно внимание, притоа не сметајќи дека треба да возврати. - Заводник
Тоа е маж кој ги познава најдобрите ресторани, нарачува најдобри вина и купува интересни подароци одма после запознавањето со жена. Подарува многу внимание на жена, меѓутоа никогаш само на една.