
Едно истражување покажало дека жените сметаат дека се остарени на 29 години, а мажите дури до 58 година. Психолозите на Универзитетот во Ланчанстер спровеле студија за тоа како луѓето ја перцепираат староста и во која животна доба тие се чуствуваат остарени. Истражувањето покажало како побелената коса, опуштената кожа, се главни показатели за староста. Мажите како главен показател на стареењето го сметаат и намаленото либидо. Научниците сметаат дека разликите меѓу перцепциите на мажите и жените, произлегуваат од начинот како се вреднува младоста и убавината во околината. Професорот Кари Купер кој е дел од истражувањето, изјавил дека жените сметаат дека се остарени ако не се вклопуваат во постоечкиот идеал за убавина, додека мажите не се толку опседнати со изгледот. Мажите најмногу ги загрижува нивната изведба во креветот, дури две третини сметаат дека тоа е главниот показател дали се остарени или не, а 22% од нив сметаат дека се стари кога им смета гласната музика во баровите.