Жените често знаат несвесно да прават работи кои ја влошуваат нивната врска со партнерот. Кои се најчестите „глупости“ со кои жените ја уништуваат врската???
Избегнување на караница: Се плашите од неговата реакција е не сакате да му кажете некои работи. Избегнување на дискусија за проблемите не е решение, тоа само ќе го забрза крајот на врската. Не можете засекогаш да молчите и да се смешкате на оние работи кои не ви се допаѓаат.
Го форсираат партнерот: Се плашите дека сте влегле во рутинска фаза на врската. Понекогаш жените го прават неверојатни работи за да го забавуваат партнерот. Не ги силете работите и оставете работите да течат по природен тек.
Запоставувањето на вашиот живот: Ви се допаѓа или не, но вашиот партнер не треба да биде вашиот цел свет. Нормално, на почетокот на врската сакате да го поминете времето со него, но никако не смеете да ги занемарите вашите пријатели. Внимавајте да не го „гушите“ партнерот со премногу внимание.
Инсистирање на секс: Не можете секогаш да бидете во “фаза три пати на ден”. Нормално е некогаш да немате секс. Мала пауза ќе направи само уште повеќе да ве посака, а ќе спречи тој да го чувствува сексот како обврска.
Споредба со другите двојки: Некои двојки се авантуристички, секогаш планираат да патуваат или посетуваат настава по салса. Други, пак, се чувствуваат најдобро во домашна атмосфера со вечера и филм. Вашата врска не е „осудена на пропаст“ доколку не правите “луди” работи заедно. Никогаш не го започнувајте зазговорот со: “Зошто не можеме … да видиме како тие …”