Животот му дал втора шанса! Има 45 години и стана прваче!

11 ноември, 20110
qq

Имал тешко детство, а цел живот се борел со проблеми поради фактот дека незнаел да чита и пишува. Сега повторно добил шанса да надокнади за загубеното и ненаученото. За 3 години ќе заврши основно и средно и ќе стане машинист.

Благодарение на проектот „Втора шанса“ на српското министерство за образование, Милорад Спасиќ (45) од селото Радинац кај Смедерево тргна во прво одделение. Досега тој никогаш немал одено на училиште, а имал тешко и несреќно детство. Мајката му починала кога тој имал 3 години, таткото бил алкохоличар кој никогаш не го школувал. Тој преживувал работејќи се и сешто. Сопругата Славица го научила само како да знае да се потпише.

„Никогаш предходно немав можност да се образовам, затоа ја користам оваа можност. Ова е мојата прва шанса. Сакам да станам машинист, да најдам подобра работа и јас и мојата сопруга да имаме подобар живот“, изјавил тој. Сепак, иако има 45 години, тргна во прво одделение, тој е оптимистичен за иднината.  Милорад ветил дека ќе биде одличен ученик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi