Животот во град може да биде лош по менталното здравје на луѓето, бидејќи кај жителите во градовите одредени делови од мозокот различно реагираат на стресот, отколку кај оние кои живеат во село, покажало последно истражување објавено во магазинот Nature.
Се покажало дека живтот во град може да го зголеми ризикот за шизофренија и други ментални болести, навеле истражувачите кои ја спровеле студијата во Германија.
Во ова истражување учествувале здрави доброволци, чии мозоци биле снимани со скенер. Резултатите покажале дека постои значителна разлика во мозочната активност кај оние што живеат во град и село, но сепак конкретно не е најдена врската со појава на евентуалните ментални болести.
Истражувањето покажало дека доброволците од град реагирале многу побурно од селските жители. Резултатите откриле дека ваквото однесување особено се должи доколу испитаниците живееле во своето детство во големите градови.