По правило месото се смета за незаменлив извор на протеини и хормони кои организмот тешко би можел да ги набави од друго место.
Во едно од последните изданија на списанието Форбс станува збор токму за месото и за основните принципи за тоа какво месо и кога е полезно да се јаде.
Еден од најполезните продукти кои помагаат за правилното функционирање на човечкото тело е говедското месо. Според специјалистите говедското месо е една од најздравите храни, незаменлив извор на витамин Б12 и на протеини. Во исто време содржи многу малку маснотии.
Важен услов е животните да се одгледани на стариот начин, што значи да не се хранети со зрно со нитрати, а да се пасени слободно. За жал во денешно време многу ретко може да се најде животно одгледано на природен начин – без хормони, антибиотици и стимуланси.