Зошто е празна, најскапата куќа во светот?:)

27 октомври, 20110
mukes

Вредноста на “проколнатата зграда” е проценета на 650 милиони евра.

Најскапата зграда во светот стои празна, а напуштена е бидејќи нејзиниот богат сопственик Мукеш Амбани смета дека вселувањето во неа ќе му донесе несреќа. Амбани чиј имот е проценет на 27 милијарди долари верува дека во зградата висока 27 спрата го очекува проклетство.

Причината поради која Амбани не сака да се всели во зградата со своето семејство, е тоа што ова лукзузно издание вредно 650 милиони евра не ги исполнува условите на вашта шастра – индиска филозофија која е слична на фенг шуи и ги одредува принципите во градежништвото.

Амбани вели дека не се почитувани принципите во случајот на оваа зграда која има три хелиодрома, шест спрата паркинг простор и низа висечки градини, односно се плаши дека поради тоа тој и останатите луѓе кои ќе се вселат може да бидат проколнати.

Неговото семејство повремено престојува во зградата, кога организираат филмски проекциии скапи вечери во големата градина за балови.

Меѓутоа, семејството никогаш не преноќува во оваа зграда, тие си заминуваат во нивната “скромна” куќа со 14 спрата која ја делат со останатите членови од големата фамилија.

Многумина од сограѓаните го критикувале Абани поради “фрлање“ на парите, во земја во која поголемиот дел од луѓето живеат со 2 долари дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi