Зошто не напуштаат мажите?

2 ноември, 20110
Holidays-Alone

Се разбира тој ти вели дека има потреба да биде извесно време сам…но и тебе ти е јасно дека тоа не е вистинската причина да се стави крај на врската.

Веројатно барем еднаш во животот ти се случило да се разделиш со некого и да не знаеш која е вистинската причината за разделбата. Горчливата вистина е дека причината за тоа може да си ти!  Понекогаш, без и да сме свесни за тоа, ние жените правиме некои работи со кои ја саботираме сопствената врска…и тоа со најдобри љубовни намери! Прочитајте кои се најчестите љубовни „гафови“ и вети си дека во иднина ќе избегнуваш ваков модел на однесување за да не се најдеш повторно во трагичната улога на „напуштена“.

„Таа беше болно љубоморна“ најчестата реплика на мажите кои женската љубомора ги доведува до лудило. Еве една брилијантна мисла за љубомората „Ако нема повод за љубомора тогаш да се љубомори е глупаво, а кога има повод, веќе е касно!“ Љубомората не е знак за силни чувства туку издава дека не си доволно уверена во себе и во способноста да го задржиш.

„Таа беше постојано незадоволна и премногу бараше…“ Ова се однесува на жените кои постојано се незадоволни и знаат само да критикуваат. Секогаш кога работите не се одвиваат онака како што тие наумиле прават скандали и се спремни да си заминат. Ако живееш со мотот „Или ќе биде по мое, или ништо нема да биде“ ќе можеш да направиш успешна врска единствено само сама со себе.

Мажите ги сакаат убавите жени. Не некакви супер модели, но жени кои се грижат за својот надворешен изглед. Една од причите што ги тера мажите да се одалечат од својата партнерка е кога година по година после почетокот на врската жената не се грижи доволно за својот изглед. Не треба да си кукла Барби цело време, но сепак треба да се стремиш да си задоволна од она што го гледаш во огледало секое утро и периодично да се „скоцкаш“ специјално за својот партнер, се разбира.

„Таа ме правеше да се чувствувам безкорисен и непотребен“ Станува збор за оние жени кои не рачунаат на никој друг освен на себе. Сите решенија ги донесуваат сами и не го вкључуваат партнерот во решавањето на заедничките проблеми.

Но ако вашата врска е минато свршено „љубовно“ време тогаш кажи си сама на себе: „Ланскиот снег“…и однесувај се кон се што било, точно на ваков начин. Не е возможно да не се истопи снегот кога ќе дојде летото  и ако сега се уште ти е тешко да поверуваш, знај дека ќе падне и нов снег!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi