Зошто се дебелееме кога сме во врска???

1 ноември, 20110
zosto se debeleeme

Лути сме што повеќе не можеме да „влеземе“ во нашите омилени фармерки, па со право можеме да го лоцираме проблемот во нашите партнери. Погледнете како љубовните врски влијаат врз метаболизмот на жените:

Јадате она што тој јаде: Мажите обично јадат повеќе, почесто и јадат храна со полош квалитет. ,Кога сте со вашиот партнер подолго време, почнувате да се прилагодивате на неговиот начин на исхрана. Решение: вашата храна ставете ја во помала чинија и обидете се кога тој грицка вие да се задоволите со чаша вода.

Не вежбате наутро: При изборот помеѓу еден час во кревет во рацете на вашиот партнер или пак напорни 45 минути вежбање, изборот се чини лесен. Вие го добивате потредното ниво на ендорфин во иста мера во двете ситуации. Решение: Често имајте секс! Така ќе вежбате онолку колку што ви е потребно за да останете фит, а и ќе искусите големо задоволство.

Гледајте филм со пуканки наместо вечера во ресторан: Доколку имате навика да вечерате по ресторани, сигурно внесувате повеќе калории отколку што ви се потребни. Затоа, наместо да вечерате во ресторан, предложете му да гледате филм со пуканки и лимонада.

Не се дотерувате често: Жените кои се во долга врска многу помалку се дотеруваат од другите жени, а најчесто се облечени во широки тренерки кои им се комотни. Бидејќи немаат претстава за своето тело во широки тренерки, жените кои се во долга врска многу лесно се опуштаат и се здебелуваат. Затоа, минимум еднаш неделно дотерајте се во тесни фармерки или тесен фустан, така најлесно ќе се мотивирате да намалите на „грицките“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *