Паровите имаат секс почесто. За разлика од оние кои практикуваат секс со различни партнери, оние кои се во стабилна врска имаат почесто секс. Секако постои можност од монотонија, но доколку и двајцата партнери се спремни да внесуваат свежина и новост во сексуалните односи, честиот секс може да им пружи повеќе искуство и поголемо задоволство.
Долготрајните врски го зголемуваат сексуалното задоволство. Долготрајните врски кои се темелат на доверба и отворена комуникација можат да помогнат во разбирањето на сексот. Партнерите може отворено да зборуваат за своите желби, да кажат што сакаат и што не сакаат, и така да ги ускладат своите желби и сексот да го донесат до совршенство.
Подготвеност за експериментирање. Логично е да мислите дека промената на сексуалните партнери, секогаш носи нешто ново. Но, доколку имате партнер кој сака често да воведува нешто ново во сексот тогаш сексот може да биде многу повозбудлив. Не е секогаш така лесно да се опуштите пред човек кој не го познавате, за разлика од онаа ситуација кога го правите тоа со човек кој ви е навистина близок.
Заради грижа за нашето здравје. Постојаните партнери, кои се искрени и верни имаат многу помала шанса да заболат од било какви полови болести. Но, не може да го кажеме истото и за оние кои често ги менуваат партнерите.
One comment
Atanas
16 јуни, 2011 at 16:32
Koj vika deka e podobar?