Има многу фактори кои го саботираат стремежот за пронаоѓање на вистинскиот маж. Ние ви предлагаме да ги разгледате шестте основни причини за тоа.
Слушајте го секогаш своето срце, а не тоа што зборуваат другите! Не дозволувајте да ви влијае она што ве советуваат вашите пријатели или семејството. Ако вака постапуваш ти ќе следиш нечии туѓи цели, а не твоите.
Вашите надежи и стандарди се премногу високи! Се чуствувате несигурни во иднината на вашиот љубовен живот? Имате високи стандарди? Е тогаш нема смисла да се прашувате каде е идеалниот маж за вас. Девојките кои го очекуваат принцот на бел коњ, во блиска иднина нема да ја најдат љубовта на оваа планета. Факт е дека идеални луѓе нема.
Вие имате ниска самодоверба! Ако не се чувствувате добро во својата кожа, бидете сигурни дека мажите ќе го забележат тоа. Самодовербата е пресудна да се претворите во вистинска дива и да почнете да добивате комплименти.
Бидете природна! Мажите многу лесно препознаваат лажно и вештачко поведение и не го сакаат тоа.
Бидете жена! Да се биде премногу самоуверена и феминистички ориентирана е една од најлошите комбинации кои мажот може да ги најде во една жена. Во една врска е важно да ја имате улогата на нежната половина за тој да ве третира така.
Ако сте уште на почеток на врската, би било голема грешка да правите долгорочни планови. Спонтаноста е кључот кон успешна врска.