Неодамна е спроведена студија на кинески научници, која уште еднаш го потврдува позитивниот ефект на зелениот чај во превенција на различни видови на рак, особено кај ракот на дојката. Истражувањето во кое учествувале повеќе од 40.000 жени, потврдило дека зелениот чај може да го намали ризикот од ракот на дојката дури за една четвртина, а го намалува и ризикот од други заболувања и на тој начин го продолжува животниот век.
Но, сепак научниците нагласуват дека не е сеедно на кој начин ја подготвувате оваа лековита напивка – од неговата подготовка зависи и најзиниот ефект. За да го чувствувате дејството на зелениот чај, потребно е да го конзумирате секојдневно, подолг временски период. А за да го зголемите влијанието на полифеноли (антиоксиданси), зелениот чај треба да се пие додека е топол, а филтер кесичката треба да стои во вода најмалку пет минути.