Зошто жените сакаат да изгледаат како барбики?! :)

21 октомври, 20110
barbie 1

Сите знаеме дека да имаш тело како барбика е анатомски невозможно. Тогаш зошто некои жени и понатаму се обидуваат да го достигнат овој идеал?

За да се постигне изгледот на барбиката би требало хируршки да се подигнат веѓите, да се моделира вилицата, да се оперира носот, да се намалат образите и да се истенчи вратот, да се стеснат рамената, да се подигнат и зголемат градите, липосукција на рацете, нозете и стомакот.

Сите млади девојки сакаат да бидат слаби, и веруваат дека она што ја прави жената привлечна е тенкото тело и големите гради, совршената коса и шминка.

Минатата година се извршени 13 милиони естетски операции и замислете 5% од пациентките се помлади од 20 години.

Експертите за оваа проблематика веруваат дека проблемите потекнуваат од образованието и модната индустрија. Модната индустрија лансира модели за многу слаби жени, а училиштето не превзема ништо за оние девојки кои за да влезат во калапот стануваат анорексични и булимичарки. Токму поради тоа тие основале агенција за модели со нормални природни облини кои започнале кампања во која дизајнерите креираат за жените со вакви облини во оквир на манифестацијата “New York Fashion Week”.

 

Ова е со цел да им се покаже на младите  дека барбиката не треба да биде идеал за женската убавина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi