Жените сакаат високи мажи, ова е факт кој научниците се обидоа да го протолкуваат и да откријат зошто е тоа така. Високите мажи се попривлечни за жените и тоа е така уште од најстарите времиња. Најпрво како причина се наведува силата. Високите мажи се посилни, тврдат научниците. Тие тоа го објаснуваат со фактот дека ударот од високо упатен надолу е многу посилен од оној од исто ниво.
Жените сакаат заштита, за себе и своето семејство. Исто така тие им се попривлечни и од сексуална гледна точка.
Но кога станува збор за мажите, тука работите стојат сосема поинаку. Нив ги привлекуваат жени со среден раст па дури и ниски, а високите девојки им се помалку привлечни.