„Со љубов од Тоше“

popara25 јануари, 20121min00
FINALNO OUTLINES

„Со љубов од Тоше“ беше насловен концертот по повод 30-тиот роденден на Тоше Проески кој се одржа на 25.01.2011 во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ кој го одбележаа негови колеги и соработници.

На третиот меморијален концерт што го организираше фондацијата „Тоше Проески“ настапија Наум Петрески, Миле Кузмановски, „Синтезис“, бендот на Тоше, Елена Ристевска,  Марко Возељ, Антонија Шола, Јоана, Црвена јабука, Жељко Самарџиќ и Маја Оџаклиевска…Покрај нив, на сцената се појавија и децата од хорот „Златно славејче“ и членовите на музичкиот кабинет од Крушево кои премиерно  ја изведоа композицијата „Пасворд“ на музика на Тоше, со стихови на Огнен Неделковски и аранжман на Валентино Скендеровски.

Концептот беше поразличен од останатите меморијални концерта за македонската ѕвезда. Овојпат идејата ја дадоа фановите. Тие сакаа целата вечер да го носи „печатот“ на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видеоснимки, кои се прикажуваат на три лед-екрани, и ги пееја неговите песни заедно со пејачите се појавија на сцена.

Концертот го проследија повеќе телевизии од Балканот.

http://www.youtube.com/watch?v=VsqqAXsZq-s

http://www.youtube.com/watch?v=wdodrhMr2ug

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag