10 навики кои го отежнуваат губењето на килограми

30 ноември, 20120
greski vo slabeenjto

Редовно вежбате, броите калории, јадете овошје и зеленчук, а сепак ви се чини дека килограмите не исчезнуваат? Можно е да правите мали грешки кои и самите не ги забележувате, а се штетни за губење на тежината. Ви носиме десет навики кои го спречуваат губењето на килограмите!

1. Намирници кои содржат многу калории

Храната која се смета за поздрава варијанта не содржи помалку калории од нездравата храна. Некои овошни шејкови и сокови често содржат многу калории. Најдобар начин за да го следите внесот на калории е да запишувате што и колку сте изеле. Одредете точна количина на калории кои одговараат на вашиот организам и вашиот план за слабеење и држете се до тоа.

2. Диеталните грицки и десерти

За време на диетата многу луѓе посегнуваат по грицки и десерти кои не содржат масти и шеќер. Бидејќи сметаат дека тие намирници не дебелеат, на многумина им се случува на тој начин да внесат двојно повеќе калории.

3. Ист тип на вежби

Многу луѓе кои сакаат да изгубат килограми постојано вежбаат ист тип на вежби, а повеќето со стомачните настојуваат да се ослободат од масните наслаги на стомакот.

Стомачните ги зајакнуваат мускулите, но доколку ги запоставувате кардио вежбите, нема да ослабнете. Редовниот активен тренинг помага во согорувањето на калориите.

4. Не пиете доволно вода

Во текот на денот потребно е да пиете многу вода, а многу луѓе тоа го забораваат, особено во текот на зимата. Водата е најздравиот пијалок кој ни е потребен, а и спречува пиење на засладени пијалоци.

5. Преработена храна наместо свежа

Свежите намирници содржат најмногу здрави хранливи материи за разлика од обработените кои можеби сокриваат дополнителни калории за кои не сте свесни. Јадете разновидно овошје и зеленчук.

6. Го прескокнувате појадокот

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот, ја обезбедува потребната енергија и спречува пребрзо чувство на глад, а со тоа и прејадување во текот на денот.

7. Гладувате цел ден

Доколку гладувате преку ден, кога конечно ќе одлучите нешто да јадете, најчесто ќе посегнете по нездрава храна.  Така внесената енергија ќе се складира во масни наслаги наместо да се потроши во текот на денот.

8. Мислите дека вежбањето е обврска

Доколку сакате да ослабнете, теловежбите морате да ги доживеете како здрав стил на живот, а не како тешка работа или обврска која морате да ја исполните. Теловежбите се исклучително добри за здравјето, физички и психолошки.
9. Негативен став

Сметате дека не можете да ги изгубите килограмите и дека во генетиката ви е запишано дека не можете да ослабнете, овој став негативно ќе влијае на целиот процес на вашата диета.

10. Немате план

Кај губењето на тежната важно е да имате однапред одреден план кон кој ќе се придржувате. Самата желба и намера не помагаат ако не знаете како да ги остварите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit