16 октомври 2007 година, денот кога цела Македонија плачеше!

25 јануари, 20120
gt79bv8ih

Нашата најголема музичка ѕвезда трагично загина на 16 октомври 2007 година во тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка, Хрватска.

httpv://www.youtube.com/watch?v=YqBzNudkEzM

Во моментот на несреќата Тоше Проески се наоѓал на со-возачкото седиште од возилото кое со голема брзина удри во приколка од камион, а потоа во крајпатната ограда. Возачот Ѓорѓе Георгиевски и неговата менаџерка Лилјана Петовиќ која исто така се наоѓаше во автомобилот, поминаа со полесни телесни повреди.

Истиот тој ден, на 16 октомври 2007 година околу 23 часот телото на Тоше Проески пристигна на скопскиот аеродром со хеликоптер од Армијата на Република Македонија. Неговото тело беше пречекано од неговите најблиски и владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски.

Таа вечер целата нација со солзи го пречека својот омилен пејач кој за многумина претставуваше синоним за македонска национална гордост. На плоштадот Македонија во Скопје масовно се собираа луѓе, палеа свеќи и држеа негови слики во рацете. Солзи и запалени свеќи имаше низ секој град во Македонија, но и на Балканот.

Погребот на најголемата македонска музичка ѕвезда започна утредента во 13 часот, откако претходно беше одржана комеморација пред споменикот Македониум. Постхумно прогласен за почесен граѓанин на Македонија.

httpv://www.youtube.com/watch?v=uc7dL_Rwr8I

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber