Кремаста шеќерна пита

10 декември, 20120
slatka pita

Кремаста, мека и шеќерна пита која многу лесно се подготвува, а брзо се јаде.

Потребни состојки:

  • 4 лажици несолен путер
  • 220 мл слатка павлака
  • 220 мл пола-пола (110 мл слатка павлака помешана со 110 мл млеко)
  • 3/4 гр шеќер
  • 1/4 гр нишесте
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 пакетче лиснато тесто, развлечено со сукало во тркалезна форма (или тесто за пита)
  • 2 лажички путер, растопен
  • малку цимет

Начин на подготовка:

Во тенџерче ставете го путерот и оставете да се стопи на ниска температура. Потоа, ставете ги слатката павлака и пола-пола.

Додајте го шеќерот и мешајте додека да се стопи. Потоа, додајте го нишестето, малку по малку и со жица за матење мешајте додека да се згусне целата смеса.

Мешајте околу 15 минути. На крај, додајте ја ванилата.

Испечете го тестото на „голо“ така што ќе го избоцкате со вилушка и ќе го испечете на 150 целзиусови степени. Врз печеното тесто, прелијте го филот, ставете го растопениот путер и малку цимет и така подготвена питата печете ја во рерна загреана на 200 целизусови степени, околу 10 минути, додека да се стегне филот (ова зависи од рерната).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *