Адел го надминала успехот на “Pink Floyd”!

26 март, 20120
adel

Познатиот албум “The Dark Side Of The Moon” од составот Pink Floyd паднал на осмо место на листата на најпродавани албуми во Велика Британија откако оваа недела го престигна албумот 21 од пејачката Адел.

Младата британска ѕвезда Адел, која минатата година го објавила вториот албум “21”, пред три недели го престига во продажба и албумот “Bad” на Мајкл Џексон.

Благодарение на успехот на нејзиниот албум, кој ширум светот е продаден во скоро двесет милиони примероци, Адел има можност позади себе да го остави составот “Dire Straits” и нивниот албум “Brothers in Arms”, кој сеуште е на шестото место.

Разликата помеѓу овие два албуми во продажба е само дванаесет илјади примероци. Со оглед на брзината на продажбата на албумот “21”оваа разлика ќе биде потиштена веќе наредната недела.

За сега се чини дека Адел сепак не може да доближи на врвот на листата, која мајсторски го дига составот “Queen” и “The Beatles”. Компијацијата хитови на составот “Queen” е продадена во 5,83 милиони копии, додека култниот “Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band” на бендот “The Beatles” е продаден во 5,04 милиони примероци.

Листата на десет најпродавани албуми во музичката историја на Велика Британија сега изгледа вака:

1. Queen – Greatest Hits

2. The Beatles – Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band

3. Abba – Gold

4. Oasis – (What’s The Story) Morning Glory?

5. Michael Jackson – Thriller

6. Dire Straits – Brothers in Arms

7. Adele – 21

8. Pink Floyd – The Dark Side Of The Moon

9. Michael Jackson – Bad

10. Queen – Greatest Hits

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma