Алек Болдвин ослабнал 15 килограми? Сигурно девојка му го исцедила :))))))

popara31 јануари, 20121min00
alek

Некогаш беше најголмиот хедонист меѓу холивудските ѕвезди кој без мерка уживаше во добра храна и пијалок, но Алек Болдвин неодамна го промени својот стил на живот.

Всушност, пред неколу месеци на Алек Болдвин му беше дијагностициран дијабетес поради кој 53-годишниот актер го исфрлил шеќерот од својата исхрана и се посветил на вежби за тело.

Благодарение на диета и вежби, ослабнал 15 килограми за четири месеци.

“Се чувствувам подобро од било кога! Не можам да вежбам колку што сакам, бидејќи понекогаш сум по цели денови на снимање, но тогаш помалку јадам”, објаснува Болдвин додавајќи дека претходно обожавал благо, но тогаш конечно сфатил дека шеќерот го убива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma