
Да, се ближат новогодинешните прзници, тоа го знаат и познатите, а Алесандра Амброзио веќе го ‘посетила’ Дедо Мраз.
31-годишната манекенка, која во моментов престојува во родниот Бразил, го посетила божиќниот трговски центар ‘Father Christmas’.

Изгледа дека убавиот ангел не можела да одолее, па седнала во скутот на Дедо Мраз позирала со насмевка на лицето. Фотографијата ја објавила на Твитер, а сигурно многумина се прашуваат – што ли посакала една од најубавите жени на светот?