За жените кои се борат за својата љубов

21 ноември, 20120
love-sunset

Во сите нас живее ова девојка, што изгледа и што мисли и што живее вака:

Понекогаш си мислеше, дека не може баш се да биде погледнато од добрата страна…

Понекогаш забораваше на себе…

Понекогаш не престануваше да плаче со часови, ако случајно не го видеше Сонцето…

Понекогаш забораваше дека воопшто плачела…

И затоа сите ја прифаќаа…Како да ви објаснам?

Тие ја среќаваа секој ден, ја познаваа од малечка…

Мислеа дека се за неа им е познато и јасно…Но се што им остана беше таа невистина. Знаеа исто така дека таа не се интересираше од какви и да било туѓи мислења…Таа дури не се интересираше и за самата себе…

Живееше во облаците и разговараше со птиците…

Продолжуваше напред, непринудено, со детска наивност…

Продолжуваше да се надева…

И кога ќе ја отфрлеа, продолжуваше…

Продолжуваше да сака со целото свое срце и душа…

Дури и нешто да ја спречеше, го надминуваше и продолжуваше…

Продолжуваше да се бори…

И секој ден, секој божји ден, подарен на оваа земја, таа живееше според нејзините правила, без разлика дали другите ги прифаќаа, без разлика дали и неа ја прифаќаа. Не правеше ништо за да ја докаже својата вистина…бидејќи знаеше дека болката е само нејзина и дека не должи никому ништо. Беше вистинска и само вистинските ја препознаваа.

И во Ништото наоѓаше причини, за да продолжи…кога сите мислеа дека тоа е нејзиниот крај таа наоѓаше сили во најголемата болка да се исправи и да се соочи со сите стравови на реалноста, знаејќи дека животот е само еден и дека нема време да се скрие од светот за да ги лиже раните…Распарчена и крвава нејзината душа не знаеше за пораз!

Таа едноставно сакаше да продолжи да живее.

Зошто сакаше да чувствува како дождовните капки паѓаат по лицето…зошто знаеше дека еден ден ќе ја бакнува мажот што ја заслужува, знаеше дека вреди да чека и затоа мораше да биде силна и упорна. Зошто знаеше дека овој свет и должи. И ги должи насмевките на лицето и ја должи среќата. И ја должи љубовта. Таа силно веруваше, а силната вера и планини поместува. Верата беше нејзината сила.

Зошто сакаше да гледа како сончевите зраци танцуваат во воздухот…Сакаше да лежи во тревата, сакаше да сака. Сакаше да живее. И живееше. Не само постоеше…Живееше!

Во сите од нас постои ова девојка, помогнете и да живее! Дозволете и да го живее нејзиниот сон и да не се откажува од своите мечти за ништо на овој свет! Не гушете ја со норми и правила наметнати од другите, за да не го изгуби својот внатрешен глас кој ја води до нејзината лична судбина. Не терајте ја да чекори по патишта изодени од други, таа мора да го најде нејзиниот пат. Не плашете се да и дадете слобода, нека срцето и интицијата ве води…

А сега на Вас ви оставам една задача…Зошто не можам да ги понесам сите мечти и особено воздушните замоци и градовите од ветар со себе …Ќе го пазите ли остатокот од нив, што ќе го оставам тука за сите вас кои не се откажувате од своите соништа… Ве молам?

Ви ги доверувам целосно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi