Бредли Купер: Бакнувањето со Сара Џесика Паркер беше вистински кошмар!

22 ноември, 20120
slika

Актерот Бредли Купер гостувал во една епизода во серијата “Сексот и градот” во која морал да се бакнува со Сара Џесика Паркер. Пред тоа го предупредиле дека таа не сака бакнување со јазик.

“Кога почнавме да се бакнуваме, само размислував како да го држам јазикот за заби. Тоа беше вистински кошмар”, раскажал згодниот 37 годишниот актер кој магазинот People во 2011 година  го прогласи за најсекси маж во светот.

Сара Џесика Паркер, која светска слава стекна со улогата Кери Бредшоу во серијата “Сексот и градот”, не сака веќе никогаш да игра слична улога. Иако серијата и ги отвори сите можни врати, актерката тврди дека улогата на жена опседната со мода повеќе не ја интересира.

“Го сакам ‘Сексот и градот’ и ликот Кери и не сакам да се гледа само од машка перспектива. Се додека е така, мислам дека е подобро да гледам во друга насока”, изјавила актерката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *