Американците сакале да активираат атомска бомба на Месечината

27 ноември, 20120
mesecina

Американската војска на врвот на Студената војна во 1959 година планирала со нуклеарна бомба да го разнесат природниот сателит на Земјата, Месечината, но во последен момент се откажале. Тајниот план на САД се викал “Проект А119”, а целта била да го заплашат Советскиот Сојуз како би се откажал од развивање  на вселенската програма.

Идејниот творец на оваа амбициозна мисија бил покојниот астроном Карл Саган, а деталите на неговиот проект се појавиле во неговата биографија, која ја напишал американскиот физичар Леонард Рајфел (85).

Имено, СССР на 4-ти октомври 1957 година го лансирал првиот вештачки сателит во орбитата на Земјата – “Патник”. Така започнала вселенската трка на Советот и САД, во која СССР воделе. Како би ја вратиле самодовербата, Американците имале намера да ја изведат првата експлозија на Месечината, а никој не можел ни да претпостави што би се случило во тој момент.

Првобитно размислувале да употребат хидрогенска бомба, но од таа идеја се откажале затоа што бомбата била премногу тешка и ракетата не би можела да ја однесе до Месечината. Така смислиле експлозијата да ја изведат со полесна, атомска бомба.

Според планот на мисијата, малата атомка требало да ја носи интерконтинентална ракета, која би била лансирана од САД. Ракетата, по 383 илјади километри би го погодила природниот сателит на Замјата, а атомската бомба би експлодирала при ударот и би подигнала голем облак од прашина и камења во вселената. СССР, како што планирале САД, би го виделе големото разорување на Месечината и би се откажале од планираните вселенски проекти.

Рајфел во биографијата на Сеган тврди дека “Проект А119” можел да се изведе без проблеми, но од тоа се откажале поради опасноста за луѓето на Земјата. Имено, постоел страв дека ракетата нема да стигне до Месечината, а во тој случај бомбата ќе експлодирала блиску до атмосферата на Земјата. Исто така, за планот на САД дознала известувачката служба на СССР, па тоа била уште една причина за откажувањето на мисијата.

Откако САД се откажале од мисијата, СССР во септември 1959 година го лансирале првиот вештачки сателит кој ја погоди површината на Месечината.

Вселенската трка помеѓу двете тогашни суперсили, СССР и САД, започна по завршувањето на Втората светска војна. Таа особено се забрза по падот на на Хитлер Германските Руси и Американците дојдоа  до ракетната програма на нацистичките научници. Трката траеше се до 1991 година кога со падот на берлинскиот ѕид се означи крај на Студената војна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi