Анџелина Џоли пристигна денес во Загреб по повод премиерата на филмот “Во земјата на крв и мед”.
Taa слетала точно во 14 часот на аеродромот во Загреб, но овојпат Бред Пит не ја придружувал.
Анџелина е сместена во претседателскиот апартман во луксузниот хотел Вестин. Во фоајето CineStar Арена, каде ќе се одржи хрватската премиера на филмот “Во земјата на крв и мед”, Анџелина и филмската екипа ги очекува 60 метри долг црвен тепих и обожавателите. Нејзините фанови едвај чекаат да ја видат и да се фотографираат со неа.
Со оглед на тоа што на премиерата во Сараево се расплака, ќе видиме дали истото ќе се повтори и во Загреб..