Анџелина Џоли ја одушеви публиката во Сараево, која ја доведе до солзи. Премиерата на нејзиното режисерско деби “Во земјата на крв и мед”, вчера е одржана во Олимпискиот дворец Зетра, а актерката на крајот на проекцијата се расплакала.
“Не можете ни да замислите колку ми значи овој филм и колку ми значи што сум тука и што толку топло ме пречекавте”, изјавила Анџелина пред речиси 5.000 посетители.
Холивудската актерка уште еднаш повторила дека неизмерно се грижи за Босна и Херцеговина.
“Hvala!”, изјавила на крајот на босански, а публиката воодушевено ја поздравила.