Актерката Џенифер Анистон и нејзиниот дечко Џастин Теру не само што уживаат во својата љубовна идила,, туку започнуваат и заеднички бизнис.
Долго веќе се шушка дека двојката планира дете, но Џенифер и нејзиното момче одлучиле да формираат своја продуцентска куќа. Познато е дека актерката , кога била во брак со Бред Пит со него водела заеднички бизнис кој се занимавал со продукција, но по разводот целата работа ја превземал Бред. Компанијата се вика Plan B Entertainment.
“Откажувањето од таа компанија е нешто за што сеуште жали. Но, сега со Џастин, Џенифер почувствувала дека има прилика тоа да го исправи. Џастин веќе има неколку спремни сценарија, а Џенифер го поддржува во нивната реализација”, изјавил извор близок на актерката.