Откриена е најстрого чуваната тајна на кралското семејство!

2 април, 20120
QUEEN-ELIZABETH-II

Откриена е причината поради која мајката на кралицата Елизабета ll цел живот ја нарекувале Cookie, што значи “млада куварка”.

Поточно, опширната биографија ”Кралица Мајка” која наскоро излегува, авторот Лејди Кембел изнесува изненадувачка теорија за кралицата – таа е ќерка на француска слугинка!

-Факт е дека кралските и аристократските кругови веќе со децении знаат дека Елизабет Боуз Лајон без сомнение е ќерка на 14-ти Гроф на Стратмор и Кингхорн, но не и дете на неговата сопруга Сесилија, како и нејзиниот помлад брат Давид, роден две години по неа. Елизабет и Давид биле деца на Маргарет Родиере, атрактивна францусинка која била  готвачка на семејниот имот Сент Пол Валден Бури и на своите господари им родила две деца кои толку ги посакувале откако докторите и забраниле на Сесилија да забремени, стои во биографијата.

Авторот упорна со низата на докази кои ги поткрепуваат нејзините тврдења. Индикативен го смета и прекарот Cookie, кој во кралските кругови го носела од раните 20ти години на минатиот век, кога се омажила за Џорџ Vl.

Оваа објава сигурно  ќе направи мало “пореметување” во британските кругови, особено бидејќи е обавена токму во времето на одбележување на смртта на Кралицата Мајка.  Останува да видиме како кралското семејство ќе реагира на споменатото тврдење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi