Apple „за влакно” го победи Samsung

popara29 јануари, 20121min00
15762921154f229daf1ae77660585712_orig

Со 23,9% пазарен удел, Apple после четвртиот квартал минатата година стана најголем произведувач на смарт-телефони во светот, објави аналитичката компанија Strategy Analytics.

Samsung, кој беше најголем производите во третиот квартал 2011 година, сега е на второ место со 23,5 проценти.

Во последните три месеци од мината година, Apple испорача 37 милиони смарт телефони, а Samsung 36,5 милиони.

Nokia во истиот период испорача 19,6 единици и сега е на третото место.

Глобалниот пазар на смарт-телефони забележа раст од 54 проценти, а вкупно се испорачани 155 милиони единици. Превземањето на првата позиција од страна на Apple се објаснува со големо барање на новиот модел, кој е претставен во октомври минатата година.

Во претходните неколку дена се објавени финансиски резултати на Apple и Samsung. Apple оствари 13,06 милијарди нето профит, а Samsung 3,5 милијарди.

Освен што ја загуби позицијата на најголем производител на смарт телефони, Samsung пред неколку дена го изгуби и спорот пред германскиот суд против компанијата Apple.

Имено, судот ја отфрли тужбата против Apple која Samsung ја поднесе на основа на наводно недозволеното користење на патенти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma