Apple ја зголеми доминацијата помеѓу таблетите

popara7 мај, 20121min00
90mm

Истражувачката компанија IDC објави резултати од своето истражување на пазарот на таблет компјутерите во првото тромесечие во 2012. кои покажуваат дека Apple го зголеми својот удел на тој пазар.

Падот на испораката на моделите со Android доведе до тоа прогнозите на IDC за испораките во првото тромесечие во 2012. да не бидат исполнети.

Компанијата предвиде дека во тоа тромесечие ќе бидат испорачани 18,6 милиони таблет компјутери, но испораките застанале на 17,4 милиони.

Исто така, IDC предвиде дека падот на испораките од 34% во првото тромесечие во однос на четвртиот квартал од 2011, но испораките се намалени за 38,4%.

Испораките на Apple исто така се намалени, но не во таа мера како кај производителите на компјутери со Android.

Apple во првото тромесечие во 2012. продаде 11,8 милиони iPad (15,4 милиони во последното тромесечие во 2011.), но благодарејќи на полошите резултати на своите конкуренти го зголемил пазарниот удел од 54,7% на 68%.

На второ место на ранг-листата на производители се наоѓа Samsung, а следат компаниите Amazon, Lenovo и Barnes & Noble.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag