iPad 3 стигнува на почетокот на март, пишува All Things D, а претставувањето ќе биде организирано во Сан Франциско.
Иако уредот е подготвен, Apple е во брзање да ги заврши сите апликации неопходни за демонстрација на уредот, дознава The Next Wew од одредени сопствени извори.
Apple неколку недели пред претставувањето на уредот е посветен на избирањето на апликациите кои ќе бидат прикажани во текот на претставувањето на својот уред, а сега посебен акцент се става на оние кои ќе ги прикажат сите можност на Retina екранот, кој ќе биде дел од третата генерација на iPad.
Освен тоа, мора да се изберат и неколку апликации кои ќе послужат за правење реклами и друг видео материјал.
Претставувањето на новиот iPad би можело да биде во првата недела на март, а се очекува уредот да почне да се продава набрзо потоа.
На сликата подоле е прикажано се што се очекува од новиот iPad, а тоа се, веќе споменатиот Retina екран, стерео звучници, нови антени, камера од 5 мегапиксели со LED блиц, предна HD камера, заоблена задна страна од стакло и ќе биде потенок од iPad 2.